Абдес الوضوء

Проф. Јусуф ЗИМЕРИ

Со изразот (Ел Вуду الوضوء) абдес подразбираме специфично чистење, кој на овој свет е чистење а истовремено е и обожавање (ибадет) додека на ахирет се смета разубавување. Тоа опфаќа миење на трите дела од телото и мес`хот (допирање на главата со мокра рака) со што се постигнува условот за вршење на ибадетите. Причината за земање абдес е нијетот за извршување на дејствието која не може да се изврши без абдес како што е клањање на намазот, таваф итн. Аллах џ.ш. вели:

     يَاأيُّهَا الَّذِينَ آمَنُوا إِذَا قُمْتُمْ إِلَى الصَّلاَةِ فَاغْسِلُوا وُجُهَكُمْ وَ أَيْدِيَكُمْ إِلَى المَرَافِقِ وَ امسَحُوا بِرُؤُسِكُمْ وَ أَرْجُلِكُمْ إِاَى الكَعْبَيْنِ

„О верници, кога ќе се исправите намаз да извршите, измијте ги вашите лица и вашите раце до лактовите а главите ваши допрете ги со влажна рака, а нозете ваши до зглобовите“[1]

Пејгамберот а.с. преку хадисот кој го пренесе Ебу Хурејре р.а. не извести дека муслиманите кои земаат абдес, на Судниот ден ќе имаат знаци со кои ќе се разликуваат од останатите народи и вели:

إِنَّ أُمَّتِي يُدْعَوْنَ يَوْمَ الْقِيَامَةِ غُرًّا مُحَجَّلِينَ مِنْ آثَارِ الْوُضُوفَمَنِ اسْتَطَاعَ مِنْكُمْ أَنْ يُطِيلَ غُرَّتَهُ فَلْيَفْعَل

„Навистина мојот Уммет на Судниот ден ќе се вика (според вредноста) по белиот белег на чело, на белите нозе и белите раце од трагите на абдесот. Затоа, кој има можност да го зголеми неговиот белег, нека го чини тоа“[2]

Во еден друг хадис Пејгамберот а.с. рекол: „Абдесот е најсилното оружје на исламскиот верник. Истотака во еден хадис рекол: Аллах џ.ш. не прифаќа намаз никому од вас без абдес.“[3]

Абдесот за да биде обврзувачки, неопходно е да се исполнат овие услови:

1)  да е муслиман

2)  да е полнолетен

3)  да е психички здрав

4)  да има доволно вода за земање абдес

5)  абдесот да е нарушен

6)  жените да не се со менструации

Фарзовите на Абдесот  فرائض الوضوء

Од горецитираниот ајет јасно се гледа дека фарзови на абдесот се четири:

  1. Миење на лицето.

Аллах џ.ш. вели: „Мијте ги вашите лица“. Со миење на лицето подразбираме целосното чистење на лицето поаѓајќи од местото на никнување на косата до долниот дел на гркланот, потоа од десното до левото уво.

Што се однесува на брадата, ако таа е кратка, тогаш водата треба да допре до кожата, ако е подолга од три прста, тогаш не е задолжително водата да допре до кожата туку само чистењето низ неа.[4] При миење на лицето се изговара молитвата:[5]

اللهم بيض وجهي يوم تبيض وجوه و تسود وجوه

„Господаре наш, осветли го моето лице дента кога ги ќе обелиш некои лица и кога оцрнуваш некои лица“

2. Миење на рацете до над лактовите.

Аллах џ.ш. вели: „И вашите раце до лактовите“. Кога се мие десната рака се вели:[6]

أَللَّهُمَّ أَعْطِنيِ كِتَابيِ بِيَمِينيِ وَ حَاسِبْنيِ حِسَاباً يَسِيراً

„Господаре наш, подајми ја книгата на моите дела во десната рака и олесни ми го полагањето на сметките.“

Кога се мие левата рака се вели:[7]

اَللَّهُمَّ لاَ تُعْطِنيِ كِتَابيِ بِشِمَاليِ وَ لاَ مِنْ وَرَاءَ ظَهْرِي

„Господаре наш, не ми ја дај мојата книга од левата страна ниту од зад грб“.

 3. Месх на главата

Месх значи триење на главата со мокра рака, кое обично зафаќа 1/4 од главата. Аллах џ.ш. вели:„Тријте ги вашите глави“. При давање мес`х на главата се вели:[8]

  اللهم حرم شعري و بشري على النار

      „Господаре наш, косата и кожата моја чини ги харам (забранети) за Џехеннемскиот оган.“

 4. Миење на нозете

Миење на нозете до над зглобовите. Аллах џ.ш. вели: „А пак нозете мијте ги до двата зглобова“. При миење на нозете се вели:[9]

أللهم ثبت قدمي على الصراط يوم تزل الاقدام

„Господаре наш, зацврстиги моите нозе над Сират дента кога нозете се лизгаат.“

Миењето еднаш на овие делови е фарз, додека ако се мијат повеќе од еднаш, е суннет. При земање на абдес особено внимание треба да и се посвети на миењето на прстите, ноктите и на местата каде водата пролизгува. Ако при абдесот во прс се наоѓа прстен или часовник кои се стегнати, треба да се раздвижат за да допре водата.

Абдески суннети سنن الوضوء

Абдески суннети се:

1.  Да се почне со бисмил-лах (بسم الله الرحمن الرحيم), бидејќи Исламот порачува да за секоја вредна работа да се почне со бисмил-лах, комплетен израз е да се каже: „Бисмил-лахир-Рахманир-Рахим“ „ بسم الله الرحمن الرحيم “иако може да се каже само бисмил-лах. Пејгамберот а.с. рекол:

لَا وُضُوءَ لِمَنْ لَمْ يَذْكُرِ اسْمَ اللَّهِ عَلَيْهِ

„Нема абдес тој што не почнал со бисмил-лах“[10]

2.   Да се занијети иако нијетот е одлучноста со срце за да се изврши некое дејство, изговарање на нијетот е суннет.

3.   Миење на рацете до лактовите.

4.   Миење на устата и на носот три пати така да при миењето на носот да се осети водата, освен за Рамазан.

5.   Миење на забите со мисвак.

6.   Триење помеѓу прстите, на едната рака со прстите на другата рака а истотака и на прстите на нозете.

7.   Триење на брадата со прстите, од дното на брадата па нагоре, бидејќи така постапил Пејгамберот а.с.

8.   Миењето на секој дел од телото се повторува по три пати.

9.   Триење на целата глава – мес`х со мокра рака но само еднаш.

10. Мес`х низ главата да се даде започнувајќи од предниот дел на главата.

11. Мес`х на ушите со мокри раце.

12. Деловите од абдесот да се мијат една по друга според распоредот (Tertib).

13. Миењето да се започне од десна страна.

14. Мес`х, миење на вратот со мокра рака без грлото.

15. Миење на рацете и нозете да започне од прстите.

Абдески адаби (препораки) آداب الوضوء

Со изразот Абдески адаби подразбираме оние постапки кои Пејгамберот а.с. ги спроведувал неколку пати но не секогаш. За спроведување на овие правила извршителот се наградува, додека тој што не ги спроведува не е грев но, добива укор.

Најзначајни абдески адаби се:

-При земање на абдес да се обрне кон Киблата;

-Да се седне на место повисоко од земјата за да не се намокри со вода;

-При земање на абдес да не се разговара со други лица;

-При земање на абдес да не биде помогнат од други лица без потреба;

-Раздвижување на прстенот која е лабава на прстот;

-Земање на вода во устата и носот да се изврши со десна рака, додека миењето да се изврши со лева рака;

-При миење на ушите, внатрешноста на увото да се мие со прст;

-Изговарање на „Бисмелето“ при миење на секој дел;

-Да се напие вода после земање на абдес, на нозе обрнат кон Кибла и да сигнализира со кажипрстот за постоењето на Аллах џ.ш.

– После земање на абдес да каже:[11]

اللَّهُمَّ اجْعَلْنِي مِنَ التَّوَّابِينَ وَ اجْعَلْنِي المُتَطَهَّرِينَ

„Господаре наш, стори ме мене од оние кои са каат и стори ме мене од чистите“.

-Да не се брише абдесот со пешкир за да останат трагите од абдесот

-Изговарање на шехадетот на крај од абдесот, да си на нозе исправен кон Кибла и да кажеш:

أَشْهَدُ أَنْ لاَإِلَهَ إِلاَّ اللَّهُ وَحْدَهُ لاَ شَرِيكَ لَهُ، وَ أَشْهَدُ أَنَّ مُحَمَّدًا عَبْدُهُ وَ رَسُولُهُ ، اللَّهُمَّ اجْعَلْنِي مِنَ التَّوَّابِينَ وَ اجْعَلْنِي من المُتَطَهَّرِينَ :

„Сведочам дека нема друг Бог освен Аллах џ.ш. Еден, единствен и истотака сведочам дека Мухаммед а.с. е Негов роб и Негов пејгамбер. Господаре наш, стори ме мене од од оние кои се каат и стори ме мене од чистите.“

 Абдески мекрухи مكروهات الوضوء

 Абдески мекрухи се:

1. Прекумерно трошење на водата. Пејгамберот а.с. поминувајќи покрај Са`д , кој земаше абдест, му рече:

مَا هَذَا السَّرَفُ فَقَالَ أَفِي الْوُضُوءِ إِسْرَافٌ قَالَ نَعَمْ وَإِنْ كُنْتَ عَلَى نَهَرٍ جَارٍ

„Зошто толкаво трошење на водата? Са`д рече: И во абдесот има прекумерно трошење? Пејгамберот а.с. му одговори: Да, и да си во реката која тече“.[12]

2. Плескање на водата по лицето, поради светоста нејзина;

3. Разговор со други лица бидејќи разговорот го спречува да ги изговара молитвите;

4. Да се помага при земање на абдес од други лица без некоја причина;

5. Миење повеќе одколку е суннет што значи да еден дел од телото при абдесот да не се мие повеќе од три пати.

Нарушување на абдесот          نواقض الوضوء

 Абдесот се смета за нарушен и не можат да се обават дејствија кои се забранети без абдес (пр. читање од Кур`анот, клањање на намаз итн.) тогаш кога од срамните органи на човекот излегуваат пр. урина и фекалии, испуштање на воздух без оглед дали е малку или многу, намерно или ненамерно. Со ова правило е опфатено и лицето коешто поради некое хронично заболување од неговите органи излегува нечистотија без запирање.

Абдестот го нарушува се што излегува од гениталните органи на машкото или женското лице. Аллах џ.ш. вели:

  أَوْ جَاءَ أَحَدٌ مِنْكُمْ مِنَ الغَائِطِ

„Или некој изврши нужда“[13]

Сонот истотака го нарушува абдесот, ако заспие потпрен на нешто и ако задреме седејќи без да се потпре, тогаш не го нарушува абдесот. Во хадисот кој го пренесува Али р.а., Пејгамберот а.с. рекол:

 ” فَمَنْ نَامَ فَلْيَتَوَضَّأْ

„Тој што спие, нека зема абдес“[14]

Ако лицето е седнато, стабилно и спие во таа позиција, или лесно ќе задреме и слуша се што се зборува околу него, тогаш абдесот не е нарушен. Ова се потврдува со хадисот пренесен од Кат-таде каде вели:

كَانَ أَصْحَابُ رَسُولِ اللَّهِ صَلَّى اللَّهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ يَنْتَظِرُونَ الْعِشَاءَ الْآخِرَةَ حَتَّى تَخْفِقَ رُءُوسُهُمْ ثُمَّ يُصَلُّونَ وَلَا يَتَوَضَّئُونَ

„Се пренесува од Кат-таде дека ас`хабите на Пејгамберот а.с. го чекале јацијскиот намаз и дремеле и така сонливи ја наведнувале главата, и потоа клањале со тој абдес.“[15]

Губење на свеста поради несвестица, лудило или пијанство го нарушува абдестот.

Повраќање на храната,пијалоци или крв ако се наполни устата, до толку што не може да се задржи во устата. Исто така абдесот се нарушува ако се повраќа неколку пати по малку, но поради иста причина или слично со таа се нарушува абдесот ако плунката е половина помешана со крв, или крвта е надвладува. Пејгамберот а.с. рекол:

يعاد الوضوء من سبع: من إقطار البول و الدم السائل و القيئ و دسعة تملا الفم و نوم مضطجع و قهقهة الرجل في الصلاة و خروج الدم

„Абдесот се повторува од седум причинители: од капките урина, крвта, гнојни течности, од повраќање со полна уста, од сонот лежејќи, од гласно смеење на мажот на намаз, од излегување на крв.“[16]

Гласно смеење на намаз за да го чуе некој што е во непосредна близина, го нарушува абдесот. Абдесот не се смета за нарушен ако крвта само се гледа но не излегува од тоа место, или ако од увото излезе некој црв.

Од: Албански Мујо Исмаили



[1] Ел Маида : 06

[2] Бухари

[3] Бухари Муслим

[4] Ако после земање на абдест лицето се избричи или ја потстрижи  косата, абдесот не се повторува ниту мес`хот низ главата. Истотака абдесот не се повторува поради потсрижување на мустаќите или веѓите, или пак поради сечење на ноктите или чешање на кожата – масажа.

[5] Алл-ллахумме бејјид веџхи јевме тебједу вуџухун ве тесведду вуџух.

[6] Алл-ллахумме а`тини китаби бијемиини ве хасибни хисабен јесирен.

[7] Алл-ллахумме ла ту`тини китаби бишималии ве ла мин верае захри

[8] Алл-ллахумме харр-рримша`ри бе бешри ала ен-нари

[9] Алл-ллахумме селбит кадемии ала ес-сирати јевге тезиллу-л-екдаму

[10] Ибни Маџех

[11] Алл-ллахумме-џ`ални мин ет-тев-вабине веџални минел мутетах-хирин

[12] Ибни Маџех

[13] Ен Ниса: 43

[14] Ахмед

[15] Ебу Давуд

[16] Насбу Раје 1/44

Lini një Përgjigje