Македонски

БАЈРАМ НАМАЗ

Jusuf ZIMERI

Бајрам намаз е порпишан првата година според хиџрет. Аргумент за негово пропишување е хадисот на Пејгамберот Алејхис-селам збирка на Ебу Давуд пренесени од Енес р.а. каде кажал: „Пејгамберот Алејхис-селам пристигна во Медина (жителите на Медина) веќе два дена си играа, а Пејгамберот Алејхис-селам рече: Што се овие два дена? Му одговорија: Во овие два дена игравме и во времето на џахилијетот. Пејгамберот Алејхис-селам рече: Навистина, Аллах џ.ш. ни ги заменил овие два дена со други два кои се покорисни; денот на Фитр Бајрам и на Курбан Бајрам.“

Клањање на бајрам намазите е ваџиб и е обврска за оние кои ги исполнуваат условите за џума намаз. Бајрам намазот се состои од два рекати слично како џума намазот и се бараат сите услови кои ги спомнавме за џума намаз, без оглед на тоа дали се работи за обврзувачки услови или услови за валидноста. Од ова правило се исклучува хутбата која е услов за валидноста која во џума намаз се одржува пред намазот додека кај бајрам намазот се одржува после намазот. Исто така се изместува и одредбата на хутбата која кај џума намаз е фарз додека во бајрам намаз е суннет.

Времето на бајрам намазот започнува откако сонцето се изгрее 30-45 минути и трае до пред зенитот.

Бајрам намазот е има два рекати и и се клања на следниов начин. Првин се донесува нијет: „Одлучив да го клањам намазот на фитр или курбан бајрам, поради Аллах џ.ш. се свртувам према киблето и се согласувам со имамот“. Потоа имамот заедно со џематот го изговара почетниот текбир. Се врзува во намаз, како обично, и ја учи Субханеке. Потоа имамот заедно со џематот донесува три бајрамски текбири кои во шериатската терминологија се викаат „Текбируз-зеваид“, и во секој текбир се подигаат рацете до мекиот дел од ушите. Потоа имамот ја учи Фатиха и едно суре, и суннет е да во првиот рекат се проучи суре Ел Еала. Во вториот рекат имамот ја учи Фатиха и едно суре, и суннет е сурето Ел Гашије и потоа зема три бајрамски текбири слично како во првиот рекат додека на четвртиот текбир се оди на руку , потоа на сеџде и во последното седење ги учиме ет-техијату и салаватите и предаваме селам. Кога ќе заврши бајрам намаз, џематот останува седејќи да го проследи предавањето на имамот кој објаснува во врска со одредбите на фитр или курбан бајрам. На крај се изговара заедничката молитва и на тој начин завршува бајрам намазот.

Текбир тешрик.

Текбирот Тешрик е ваџиб после клањање на секој фарз за мажи и жени, насамо или во џемаат, еда или каза. Жените текбир тешрик го изговараат со низок глас. Аллах џ.ш. вели:

  واذكروا الله في أيام معدودات

„Спомнувајте го Аллах во одредени денови (во деновите на Бајрам).

Изговарањето на текбирите тешрик започнува со клањање на сабах намаз данта на Арефат и завршува третиот ден на тешрик односно четвртиот ден на бајрам по намазот од икиндија.

Текстот на текбирот е:

ألله أكبر ، ألله أكبر لاإله إلا الله والله أكبر، ألله أكبر ولله الحمد

/Ал-лаху екбер, Ал-лаху екбер ла илахе ил-лал-лах вал-лаху екбер, Ал-лаху екбер ве лил-лахил хамду/   

Ако бајрам намаз поминал без да се клања со имам, тој не се клања каза, бидејќи бајрам намазот не може да се смета доближување кон Аллах џ.ш. без да се исполнат некои услови кои не можат да се исполнат насамо.

Намазот на Фитр Бајрам со оправдание може да се пролонгира само до утрешниот ден. Што се однесува на намазот на Курбан Бајрам тој може да се пролонгира до третиот ден, бидејќи е поврзан со клањето на курбанот, што значи дека се дозволува клањање на намазот на Курбан Бајрам се додека се дозволува колењето на курбаните. Ако се пролонгира до третиот ден без законско оправдание, овој намаз е валиден но со грев.

Бајрамски суннети

Освен суннетите на џума намаз, кои се суннети и за бајрам намаз, се додаваат уште некои:

– На Фитр Бајрам да се јаде нешто пред да се оди на намаз и по можност да е хурма или нешто слатко, додека за Курбан Бајрам суннет е да не се јаде ништо пред да се клања бајрам намаз.

– По пат за Фитр Бајрам текбирите да се изговараат тивко додека за Курбан Бајрам на глас.

– Во џамија да се оди по еден пат а враќањето по друг пат.

– За Фитр Бајрам да плати садекатул фитр пред да се клања бајрам намаз.

Што се однесува до бајрамските мендуби ќе ги нагласиме некои од нив: да ги посети гробиштата после бајрам намаз, да ги посети своите блиски, пријателите, болните, да ја зголеми распределбата на садаката според личните можности итн.

 

Lini një Përgjigje

Maqedonisht