Гусул الغسل

Проф: Јусуф Зимери

Од албански: Мујо Исмаили

Со изразот (Ел Гуслуالغسل) во терминолошки смисол подразбираме: „Употреба на водата за чистење на целото тело со цел остранување на нечистотијата“. Аргумент за обврска кон гусулот е ајетот од Кур`анот кој вели:

    وَإِنْ كُنْتُمْ جُنُباً فاَطَّهَّرُوا

„А ако сте џунуби, тогаш, избањајте се“[1]

Одредба на гусулот е ослободување од пречките кои постоеле претходно и севапот со извршување на гусулот за да се приближиме до Аллах џ.ш.

Состојби кои го налагаат гусулот

 Гусулот е задолжителен во воие случаи:

1. Ејакулирање на спермата, без оглед на тоа дали тоа се случува во будна состојба или на сон, со интимни односи или сонувајќи, или само со поглед, или пак со замислување итн. Со ова правило се опфатени и двата пола, машки и женски. Пејгамбер а.с. рекол:

الْمَاءُ مِنَ الْمَاء

„Вода од вода ( миењето со вода се задолжува со излегување на вода), (спермата).[2]

2. Менструација. По завршување на менструацијата, со концензусот на исламските фукахаи жената се задолжува да се избања. Аллах џ.ш. вели:

وَ يَسْئَلُونَكَ عَنِ المَحِيضِ قُلْ هُوَ أَذًى فَاعْتَزِلُوا النِّسَاءَ فِي المَحِيضِ وَ لاَ تَقْرَبُوهُنَّ حَتَّى يَطْهُرْنَ فَإِذَا تَطَهَّرْنَ فَأْتُوهُنَّ مِنْ حَيْثُ أَمَرَكُمُ اللهُ إِنَّ اللهَ يُحِبُّ التَّوَّابِينَ وَ يُحِبُّ المُتَطَهِّرِينَ

„И те прашуваат за месечното прање. Кажи:„Тоа е непријатно!“ Кога жените имаат месечно прање, тогаш, не легнувајте со нив. И не приближувајте им се додека не се очистат. А кога ќе се очистат, здружете се онака како што ви определи Аллах. Аллах, навистина, ги љуби покајниците и ги љуби чистите!“[3]

Пејгамберот а.с. во прилика кога Фатиме, ќерката на Хубејш го прашала, и рекол:

فَإِذَا أَقْبَلَتِ الْحَيْضَةُ فَدَعِي الصَّلَاةَ وَإِذَا أَدْبَرَتْ فَاغْتَسِلِي وَصَلِّي *

„Кога ќе ти се појават менструациите, прекини со намазот и кога ќе престанат очисти се и клањај намаз“[4]

3. Нифас. Одкога ќе излезе од нифас жената се обврзува да се избања. Ако по раѓањето на детето, мајката не забележува крварење, според Ебу Ханифе се обврзува да се избања, додека според Имам Ебу Јусуф и Мухаммед, не се обврзува.

4. Починатиот. Обврска на живите е да извршат бањање на починатиот. Бањање на починатиот е должност на ближните, во нивна отсутност обврската се пренесува кај останатите муслимани. Починатиот не се бања ако е двороден[5].

5. Неверникот ако го прифати исламот се обврзува да се избања.

Во овој контекст вреди да се спомене дека бањањето во овие состојби е фарз додека во Исламот постојат и бањања кои се суннет, а тоа се:

– бањањето во петок (денот на џума) за оние кои одат во џамија,

– бањањето за двата бајрами,

– бањањето за облекување на ихрамот за хаџџ или умре,

– бањањето дента на Арафат за хаџијата а не за останатите.

Фарзови на гусулот فرائض الغسل

Фарзови на гусулот се:

  1. Миење на устата
  2. Миење на носот
  3. Бањање на целото тело со вода, поминување на водата низ целото човеково тело, косата, кожата, без оглед дали косата е густа или ретка. Поминување само еднаш на водата низ целото тело на човекот го исполнува условот на фарз. При овој фарз треба да се внимава во потполното миење на гениталиите, миење на внатрешноста на папокот,миење на внатрешноста од плетенката кај мажите и е обврзан да ја расплете плетенката без оглед на тоа дали водата допира до коренот на косата или не. Додека што се однесува до плетенките на жените, не се обврзува да ги расплете плетенките ако водата допира до коренот на косата. Ова се потвдува од хадисот што го пренесува Умму Селеме дека таа на Пејгамберот а.с. и рекла:

يَا رَسُولَ اللَّهِ إِنِّي امْرَأَةٌ أَشُدُّ ضَفْرَ رَأْسِي فَأَنْقُضُهُ لِغُسْلِ الْجَنَابَةِ قَال َلَا إِنَّمَا يَكْفِيكِ أَنْ تَحْثِيَ عَلَى رَأْسِكِ ثَلَاثَ حَثَيَاتٍ ثُمَّ تُفِيضِينَ عَلَيْكِ الْمَاءَ فَتَطْهُرِينَ

Една жена го прашала Пејгамберот а.с.: О Пејгамбер Божји! Јас сум една жена која ги стегнувам плетенките од косата, дали треба да ги расплетам тие при бањање од џунублукот? Пејгамберот а.с. и рече: „Не, доволно е три пати де нанесеш вода во глава, потоа сипи вода низ целото тело и ќе се избањаш“[6]

Ако косата на жената е многу густа и не допира водата до корените тогаш треба да се расплетат плетенките. Исто така се обврзува и миењето на брадата иако е густа, миење на мустаќите и веѓите.

Исто така треба да се отстрани се што оневозможува допирот на водата во телото на пр. свеќа, маснотија, лој итн.

Суннети на гусулот سنن الغسل

Суннети на гусулот се:

-Нијетот е суннет, тој се чини од срце и не е потребно да се каже усно.

– Да се почне со бисмил-лах, за да гусулот се однесува на абдесот, бидејќи бесмеле е суннет во абдесот.

– Миење на рацете до рачниот зглоб.

– Миење на нешистотијата ако ја има во телото со цел да не се рашири.

– Земање абдес пред бањање, како што зема абдес за намаз.

– Телото во целост да се измие три пати.

– Сипење на водата да се започне од главата, потоа на десното рамо а потоа на левото.

– При првото намокрување да се истрие целото тело.

-Миење на сите делови од телото по ред едно по едно.

Адаби (препораки) на гусулот  آداب الغسل

 Адаби на гусулот се слични со абдеските адаби со исклучок на правецот кон киблата, молитвите и спомнување на Аллах џ.ш. бидејќи при бањањето се откриени срамните места од телото. Пожелно е да не се зборува при бањањето. Мустехаб е да се бања на некое место каде не го гледа никој, бидејќи е соблечен. Мустехаб е да по бањањето да се клањаат два рекати нафиле намаз. И гусулските мекрухи се како и на абдесот со исклучок на тоа што при гусулот е мекрух молитвата.

Забрани за лицето кое е џунуб

 На лицето џунуб додека е во таа состојба му се забранети (харам) овие дејствија:

-Клањање на намаз, а тоа го потврдува Аллах џ.ш. кога вели:

وَ إِنْ كُنْتُمْ جُنُبًا فَاطَّهَّرُوا

„А ако сте џунуби, тогаш, избањајте се“[7]

-Допирање на Кур`анот. Аллах џ.ш. вели:

لاَ يَمَسُّه إِلاَّ المُتَطَهِّرُونَ

„Го допираат само чистите“[8]

-Се забранува (харам е) таваф околу Ќабето, бидејќи на нечистите им се забранува влегување во џамија.

-Се забранува читање на Кур`ан и да и помалку ос еден ајет, ако читателот има за цел читање на Кур`анот.Ако има намера да чита дови (молитви) тогаш не е забрането.

-Итикафот и влезот во џамија според месхебот ханефиј строго се забранува , базирајќи се на хадисот на Пејгамберот а.с. кој рекол:

إِنَّ الْمَسْجِدَ لَا يَحِلُّ لِجُنُبٍ وَلَا لِحَائِضٍ

„Не е дозволено влез во џамија на нечистите и жената со менструации“[9]

 



[1] Ел Маиде: 6

[2] Муслим и Ибни Маџех

[3] Ел Бекара 222

[4] Бухари

[5] Двороден се смета лицето кое поседува елементи од двата рода и женски и машки но нема видливи знаци ниту на машкиот ниту на женскиот род. Такво лице не се бања по негова смрт туку му се дава тејемум. Така стои во Тенвирул ебсар и Хашијету Ибни Абидин.

[6] Муслим

[7] Ел Маида: 6

[8] Ел Вакиа 79

[9] Ибни Маџех

Lini një Përgjigje