Хајз, Нифас и Истихада اَلْحَيْضُ ، اَلنِّفَاسُ ، اَلْاِسْتِحَاضَةُ

Проф. Јусуф ЗИМЕРИ

1.Hajz اَلْحَيْضُ

Изразот „el hajdu اَلْحَيْضُ “ (Хајз) во јазична смисла значи течение.

Во терминолошка смисла на исламскиот Шериат зборот хајз значи: „течење крв од утерусот на жената ослободена од болеста и раѓањето на детето“. Хајзот е посебна појава на женскиот род кој е поврзан со функцијата на нивниот род.Исто така, хајзот е месечен циклус кој се смета како знак дека организмот влегува во пубертет и продолжува до 55 годишна возраст.

Минимално време за кое трае менструацијата (месечниот циклус) е три дена а пак максималното времетраење е 10 дена. Ова го потврдува хадисот што го пренесува Ваил б. Ел-Еска, каде Пејгамберот а.с. рекол:

أقل الحيض ثلاثة أيام و أكثره عشرة أيام

„Најкратка менструација е три дена , додека максималната е до десет дена“.

Циклусот кој трае помалку од три дена и подолго од десет дена , се вика Истихада.

Без оглед на бојата и видовите на крвта во текот на менструалните денови се смета хајз.

Менструацијата пречи во клањање на намаѕот и постење на Рамазанот, а ова е според консензусот на муслиманите.

2.Нифас  اَلنِّفَاسُ

Зборот „Нифас“ во арапскиот јазик значи раѓање.

Во терминологијата на исламскиот Шериат, нифас значи крварење на жената после раѓањето и времетраењето на крварењето после тоа. Од ова се подразбира дека крвта, која ја гледа бремената жена за време на раѓањето или пред раѓањето на детето се смета Истихада.

Ако детето се рода а пак жената не воочила крв, според Ебу Ханифе и мислењето на многумина фукахаи, се се задолжува да се исчисти, кое чистење се смета како резерва, бидејќи обично при раѓањето на детето се излева колку и да е малку крв.

Нифас нема минимално време, додека според мислењето на ханефиите, максималното времетраење на нифасот е 40 дена, со исклучок; ако воочат прекин на крварењето пред тоа време.

Ако се родат близнаци, и ако временската дистанца на раѓањето на двете деца е повеќе од 6 месеци, тогаш оваа состојба се смета како две бремености, две раѓања и два нифаса а за ова се согласуваат сите научниците. Но, ако раѓањето на близнаците се случи во временска дистанца помалку од 6 месеци, тогаш почетокот на нифасот се смета од раѓањето на првото дете, бидејќи нифас, според исламскиот Шериат се смета крварењето од моментот на раѓањето. Ова е мислење на Ебу Ханифе, Ебу Јусуф и мислење на неколку научници од месхебот шафиј.

Ако за време на бременоста се случи спонтан абортус и кај детето се видливи контури од делови од телото, како што се прстите, ноктите или косата, тогаш оваа состојба се смета нифас. Во спротивно, ако кај абортирано дете не се видливи гореспоменатите контури туку  е само згрушена крв или деливо од месо, тогаш крварењето ако е во времето на хајзот, се смета за хајз, во спротивно е само облик на расипана крв.

Што е забрането за време на нифас?

 Се што е забрането за време на хајзот вредат и за нифас, а тоа се:

1. За време на хајз и нифас не може да клања намаз, без оглед на тоа што намазот е фарз, ваџиб или суннет. Ова го потврдува хадисот на Пејгамберот а.с. пренесен од Аиша р.а. кога и велел на Фатима, ќерката на Ебу Хубејш:

فَإِذَا أَقْبَلَتِ الْحَيْضَةُ فَاتْرُكِي الصَّلَاةَ فَإِذَا ذَهَبَ قَدْرُهَا فَاغْسِلِي عَنْك الدَّمَ وَصَلِّي

„Кога ќе дојде хајзот, не клањај намаз, а кога ќе заврши исчисти ја крвта од себе и клањај“.[1]

Заостанатиот намаз кој не е клањан за време на хајзот и нифасот не треба да се наклањува каза.

2. Постот. Исто така и постот се забранува за време на хајзот и нифасот без оглед на тоа дали станува збор за постот фарз или нафиле. Но, за разлика од намазот, треба да се испостат каза, изоставените  денови. Ова го потврдува хадисот на Пејгамберот а.с пренесен од Аише р.а. која вели:

  عن عَائِشَةَ فَقُلْتُ  كَانَ يُصِيبُنَا ذَلِكَ فَنُؤْمَرُ بِقَضَاءِ الصَّوْمِ وَلَا نُؤْمَرُ بِقَضَاءِ الصَّلَاةِ 

„Откако ќе помине хајз и нифас имаме наредба да го сториме каза постот а немаме наредба за надополнување на намазот“. [2]

Причина за ваква диференцијација помеѓу овие два фарза е тоа што постот е е годишна обврска, додека намазот е обврска пет пати на ден и ако се обврзат со каза се наидува на потешкотии.

3. Се забранува читање на Славниот Кур`ан. Пејгамберот а.с. рекол:

لا تَقْرَأِ الْجُنُبُ وَلَا الْحَائِضُ

„Не чита Кур`ан жената во хајз, нифас и нечистиот“[3]

4. Се забранува допирање на Кур`анот, со исклучок ако Кур`анот е обвиткан со обвивка која не е залепена за него, во спротивно се забранува. Исто така е мекрух допирање на се што има напишано нешто од Кур`анот, на пр. огрлици, левхаи итн.

5  Се забранува интимен однос. Аллах џ.ш. вели:

يَسْأَلُونَكَ عَنِ المَحِيضِ ، قُلْ هُوَ أَذىً فَاعْتَزِلُوا النِّسَاءَ فِي المَحِيضِ وَلاَ تَقْرَبُوهُنَّ حَتَّى يَطْهُرْنَ

„И те прашуваат за месечното прање. Кажи: Тоа е непријатно , кога жените имаат месечно прање, тогаш, не легнувајте со нив. И не приближувајте им се додека не се очистат.“[4]

Според исламскиот концензус, вршење на ова дело верувајќи дека вакво дело е забрането, се смета за грев, од најголемите гревови, а пак тој што ја знае забраната но, не верува дека е харам и го извршува ова дело, тоа лице чини куфр. Во случај да жената има менструации дозволено е на мажот да се забавува со неа до нејзиниот папок.

Според исламскиот концензус, дозволено е да се спие со жената за време на менструациите во иста постела затоа што според исламските правила не е логично оддалечување од постелата бидејќи тоа е особина на евреите.

6. Се забранува тавафот околу Ќабето и да е нафиле.

Тавафот е во смисол на намазот, затоа се забранува во случај на менструација. Ако жената обавува таваф кога е со менструации, нејзиниот таваф вреди но, со харам. Сепак се обврзува да сече курбан една камила ако станува збор за тавафот фарз (зијарет) додека се обврзува со курбан една овца за тавафот ваџиб со исклучок ако го повтори откако ќе се исчисти. Истата одредба важи и за нечистиот.

3. Istihada ، اَلْاِسْتِحَاضَةُ

 Со зборот Истихадаво терминологијата на исламскиот Шериат подразбираме: Крварењето од утерусот на жената вон времетраењето на хајзот и нифасот.

Затоа секое крварење кое е подолго од времетраењето на хајзот или пократко од вообичаеното или појава на крварење пред времето на пубертетот се вика истихада.

Крварењето во истихада може да е трајна или привремена. Но ова крварење не ги забранува дејзтвијата кои се забранети за време на редовните менструации, бидејќи жената се смета за нечиста како во времето на хајзот. Одредбата на крварењето во истихада е сличен како таа кога бод телото тече нечистотија како што е урина или рана која не се излекува.

Сахиби Узр

 Сахиби узур се нарекува лицето на кое му се појавва нешто без престанок што му го нарушува абдестот. Такво е лицето на кој од рана му тече крв, или урина а исто така и жената за време на истихадата.

Сахиби узур треба да земе абдес за секое време на намазот и за тоа време може да клања намаз колку сака, но штом измине времето треба да го повтори абдесот.

Од Албански: Мујо Исмаили


[1] Мутефикун алејхи

[2] Мутефикун алејхи

[3] Термиди

[4] Ел Бакара 222

Lini një Përgjigje