Одредбите за езан и икамет أحكام الاذان و الإقامة

Проф. Јусуф Зимери

 Изразот „Езан – الاذان “ во јазична смисла значи: информирање додека во терминолошка смисла на исламскиот Шериат значи: Посебен повик (информирање)на муслиманите за клањање на фарз намаз со навлегување на неговото време.

Езанот  освен тоа што го најавува времето за намаз, тој во себе ги содржи и основните елементи на Еден и Единствен Аллах џ.ш.. Тоа е повик за величење на Аллах џ.ш. и за намаз, бидејќи преку езанот се аргументира постоењето на Еден и Единствен Аллах џ.ш. и се негира политеизмот. Во самиот езан се потврдува и пејгамберството на Мухаммед а.с. и сведочењето на неговото пратеништво. Пејгамберот а.с. рекол: „Најдолгите вратови на судниот ден ги имаат муезините.“

Одредбата за езанот и икаметот се суннетул муекеде سنة المؤكدة за мажите но не и за жените, за намазите фарз а не за нафиле намаз. Езанот и икаметот се учат откога ќе навлезе времето за петте намази, за џума, без оглед дали се клања намаз на време ( еда) или каза, насамо или во џемаат, на пат или дома.Ова го потврдува хадисот на Пејгамберот а.с. кој рекол: „Кога ќе дојде време на намазот учете езан и икамет, додека најстариот од вас нека биде имам.“

Услови на езанот

Услови на езанот и икаметот се:

За да биде езанот вреден се условувва да целиот езан се учи откако ќе навлезе времето, бидејќи надвор од времето е безвреден. Ако езанот се учи пред навлегување на времето со исклучок на сабахскиот намаз, тогаш треба да се повтори, додека на сабахскиот намаз се одобрува порано поради будење на луѓето од сонот.

– Зборовите на езанот да бидат наредени според текстот на езанот, така да меѓу нив да нема голем прекин или да се кажат повеќе зборови.

– Езанот реба да се учи (каже) на арапски јазик.

– Лицето кое го учи (изрекува) езанот се вика „муезин“ и треба да е машко, да е муслиман, свесен, побожен, да го познава суннетот на Пејгамберот а.с., да има привлечен глас, да е редовен и точен во езанот и подобро е да е мештанин. Езанот на дете кое психички не е созреано не важи, таквиот езан треба да се повтори. Иста одредба вреди и за езан учен од умствено болно лице.

Текстот на езанот  

Текстот на езанот, според ханефијите содржи 15 реченици, освен езанот на сабах и икаметот кои содржат 17 реченици, и тоа се:

Алл-ллаху Екбер  Алл-ллаху Екбер                   أللهَ أكبر ُالله أكبر

Алл-ллаху Екбер  Алл-ллаху Екбер                  أللهَ أكبر ُالله أكبر

Ешхеду ен ла илахе ил-ла-ллах                          أشهد أن لاإله إلا الله

Ешхеду ен ла илахе ил-ла-ллах                          أشهد أن لاإله إلا الله

Ешхеду ен-не Мухамм-меден ресуљуллах            أشهد أنّ محمدا رسول الله

Ешхеду ен-не Мухамм-меден ресуљуллах           أشهد أنّ محمدا رسول الله

Хајје алес-салах                              حي على الصلاة

Хајје алес-салах                              حي على الصلاة

Хаајје елел феллах                              حي على الفلاح

Хаајје елел феллах                              حي على الفلاح

На сабахскиот намаз се додава

Ес-салату хајрун минен-невми                        الصلاة خير من النوم

Ес-салату хајрун минен-невми                        الصلاة خير من النوم

Алл-ллаху Екбер  Алл-ллаху Екбер              ألله أكبر الله أكبر

Ла илахе ил-лалл-ллах                  لاإلـــــــه الا الله

При учење на езанот  да стои бидејќи е мекрух седењето при учење на езан, со исклучок ако постои некоја пречка.

Одговорот кон муезинот

Пејгамберот а.с. во хадисот забележан кај Имам Бухари, пренесен од Абу Сеид Ел Худери рекол: „Кога ќе го чуете повикот (за намаз), кажете така како што вели муезинот“. Потпирајќи се на овој хадис, научниците од мезхебот ханефи според најаргументираното мислење (бидејќи има и друго мислење од овој мезхеб) е дека молчењето додека се учи езанот ја има одредбата на ваџиб, што подразбира дека не смее да се каже ниту еден друг збор, освен повторување на зборовите на муезинот. Значи препорачливо е, кога ќе почне учењето на езанот да се прекине и читање на Кур`анот ако се чита во меѓувреме а слично и со другите форми на зикрот. Оваа одредба се објаснува со фактот дека езанот е ибадет во одредено време, и ако не се зема во предвид неговото време, се губи од неговата вредност, додека читање на Кур`анот е ибадет кој нема одредено време и неговиот севап може да се постигне во секое време.

Додека одредбата за слушање на езанот е ваџиб, и се препорачува прекинување на читањето на Кур`анот, без дилема останатите работи како што е разговорот и другите безвредни зборови или пак меѓусебното поздравување, неминовно треба да се прекине при учење на езанот. Затоа за време на учење на езанот, не се предава селам ниту има поздравување туку секој кој го слуша езанот се обврзува да му одговори на муезинот.

Лицето кое го слуша езанот треба да одговори на зборовите на муезинот, повторувајќи ги истите зборови на муезинот, со исклучок кога муезинот вели „Хајје алес-салах“ слушателот вели:

لاَ حَوْلَ وَ لاَ قُوَّةَ إِلاَّ بِالَّلهِ الْعَلِيّ العَظِيم

( ла хаувле ве ла кув-вете ил-ла бил-лахил алиј-јил азим), додека кога ќе чуе „Хајје алел фелах“ слушателот вели:

“ مَا شَاءَ اللَّهُ كَانَ وَ مَا لَم يَشَاء لَمْ يَكُنْ”

(ма шаалл-ллаху кане ве ма лем јешау ле мјекун) и кога ќе чуе „Ес-салату хајрун мине-невм“ во сабахскиот намаз, слушателот вели:

“ صَدَّقْتَ وَ بَرَّرْتَ”.

„Сад-декте ве берете.

Тој што ќе го чуе учењето на езанот треба да го прекине секое дело и ако е учење  Кур`ан или нешто друго. Кога ќе заврши езанот мустехаб е слушателот проучи салавати за Пејгамбер а.с. После учење на езанот се изговара оваа молитва:

أَللَّهُمَّ رَبَّ هَذِهِ الدَّعْوَةِ التَّامَّةِ وَالصَّلاَةِ القَائِمَةِ آتِ محمدًا الوَسِيلَةَ وَ الفَضِيلَةَ وَابْعَثْهُ مَقَامًا مَحْمُوداً الَّذيِ وَعَدْتَهُ إِنَّكَ لاَ تُخْلِفُ المِيعَادُ

(Алл-ллахумме раббе хазихид-да`ветит-таммех вес-салатил каимех, аати Мухаммеденил весилете веб`сху мекамен махмуденнил-лези веадтехуиннеке ла тахлифул миаде) Господаре наш, Господар на овој возвишен повик и на овој намаз кој сакаме да го клањаме, Тебе ти се молиме, да на Мухаммед а.с.  му подариш големи доблести и голем почит и направи во другиот свет живее во тој степен кој Си му ветил, навистина Ти не ги менуваш ветувањата.“

И текстот на икаметот е сличен со текстот на езанот, со исклучок што после „Хајје алел фелах     حي على الفلاح “ се вели два пати: Кад каметис-салату, Кад каметис-салату“

Shkrime të ngjashme