Jusuf ZIMERI

 Претходно рековме, дека во месец Рамазан има една ноќ, која е повредна од илјада месеци, за оваа ноќ Аллах џ.ш. рекол:

إِنَّا أَنْزَلْنَاهُ فِي لَيْلَةِ القَدْرِ. وَ مَا أَدْرَاكَ مَا لَيْلَةُ القَدْرِ. لَيْلَةُ القَدْرِ خَيْرٌ مِنْ أَلْفِ شَهْرٍ. تَنَزَّلُ المَلاَئِكَةُ وَ الرُّوحُ فِيهَا بِإِذْنِ رَبِّهِمْ مِنْ كُلِّ أَمْرٍ. سَلاَمٌ هِيَ حَتَّى مَطْلَعِ الفّجْرِ.

„Кур`анот Ние, навистина, започнавме да го објавуваме во ноќта Кадр! А знаеш ли ти која е таа ноќ Кадр? Ноќта Кадр е подобра од илјада месеци. Во таа ноќ се спуштаат мелеките и Џибрил со одобрението на Господарот нивни, по наредба секоја! Селам! И тоа се до пукањето на утрото!“[1]Аллах џ.ш. „Лејлетул Кадр“ ја нарече ноќта кога се случи спуштањето на Кур`ан од „Левхи Махфуз“ во небата земјини. Аллах џ.ш. вели:

 إِنَّا أَنْزَلْنَاهُ فِي لَيْلَةٍ مُبَارَكَةٍ إِنَّا كُنَّا مُنْذِرِينَ

 „Да, Ние ја објавивме во една ноќ благословена. Ние сме, навистина, опоменувачи!“[2]

 Изразот „Кадр“ значи: вредност, значение, одредба. Ноќта Кадр како временска единица, навистина е иста со останатите ноќи, но богатството , вредноста на оваа ноќ е многу по плодна од останатите ноќи. Како да не е повредна од останатите ноќи, кога во оваа ноќ е сторена врската нпомеѓу вишниот свет и земјата, момент кога еднаш засекогаш се урива фронтот на неправдата и незнаењето.

 Моментот кога светлото на Кур`анот го осветли постоењето, неговата вредност е покорисна од илјада месеци кои чинат 83 години и четири месеци, што значи еден човеков живот. Затоа, кога човек би дејствувал илјада месеци без светлото и правилата кои ги донесе Славниот Кур`ан би било темнина и пропаст но, она што ги осветли овие дела, овој човеков живот без одлуките на Кур`анот кои почнаа да слегуваат оваа ноќ.

 Оваа ноќ слегуваат мелеките на чие чело е Џибрил а.с. а за тоа во хадисот пренесен од Енес р.а., Пејгамберот а.с. рекол:

 عن أنس رضي الله عنه قال : قال رسول الله (صلعم) : إِذَا كَانَ لَيْلَةَ القدْرِ نزل جبريلُ في كَبْكَبَةٍ من الملائكة يصلون و يسلمون على كل عبد  قائم أو قائد يذكر الله تعالى.

 „Во Ноќта Кадр слегува Џибрил во чело на Мелеките, бараат прочка и го поздравуваат секој верник седнат или на нозе кој го споменува Аллах џ.ш.“

 Еднаш Ајше р.а. жената на Пејгамберот а.с. го праша: што ќе ми кажеш, ако знаеш кога е Ноќта на Кадр, што да кажам таа ноќ? Пејгамберот а.с. и одговорил:

 عَنْ عَائِشَةَ قَالَتْ قُلْتُ يَا رَسُولَ اللَّهِ أَرَأَيْتَ إِنْ عَلِمْتُ أَيُّ لَيْلَةٍ لَيْلَةُ الْقَدْرِ مَا أَقُولُ فِيهَا قَالَ قُولِي اللَّهُمَّ إِنَّكَ عُفُوٌّ كَرِيمٌ تُحِبُّ الْعَفْوَ فَاعْفُ عَنِّي *

 „Кажи: О Господару, навистина Ти си Простител и Племенит, ја сакаш прошката, прости ми и мене.“[3]

Кога е Ноќта Кадр?

 Без никакво сомнение убедени сме дека Кур`анот е објавен во Ноќта Кадр и дека оваа ноќ е во месец Рамазан, но точно која е таа ноќ?

 Славниот Кур`ан не ни прецизира точно која е таа ноќ, ниту пак хадисите на Пејгамберот а.с. не прецизираат такво нешто. Според сите пренесувања на хадисот на Пејгамберот а.с. се потврдува дека оваа ноќ е меѓу последната десетка на месец Рамазан. Ваквото неопределување најверојатно ја крие и својата тајна, затоа никој ни да не помислува дека одредувањето беше абсурд за Аллах џ.ш., бидејќи едно вакво мислење води во неверство (ќуфр).

 Неодредувањто на оваа ноќ е благослов за верниците, затоа што ако во последните десет дена се молиме на Аллах џ.ш. мислејќи дека секоја ноќ е таа ноќ, тогаш сите овие молитви се прифаќаат како да е Ноќта Кадр. Значи, верникот истражува за оваа ноќ низ сите последни десет дена на месец Рамазан а посебно во непарните ноќи и сиот негов труд за ова истражување се наградува со многуте награди а тука се отсликува милоста на Аллах џ.ш. кој не го прецизираше оваа ноќ.  

 Во врска со одредување на Ноќта Кадр ќе претставиме неколку хадиси на Пејгамберот а.с. кои потврдуваат дека Ноќта Кадр е во последните десет дена на Рамазанот.

 Се пренесува од Аиша р.а. дека Пејгамберот а.с. рекол:

تَحَرَّوْا لَيْلَةَ الْقَدْرِ فِي الْعَشْرِ الْأَوَاخِرِ مِنْ رَمَضَانَ *

 „Истражувајте за Ноќта Кадр во непарните ноќи на последната десетка од Рамазанот.“[4]

 Се пренесува од Ибни Аббас р.а. дека Пејгамберот а.с. рекол:

 الْتَمِسُوهَا فِي الْعَشْرِ الْأَوَاخِرِ مِنْ رَمَضَانَ لَيْلَةَ الْقَدْرِ فِي تَاسِعَةٍ تَبْقَى فِي سَابِعَةٍ تَبْقَى فِي خَامِسَةٍ تَبْقَى..

 „Барајте ја неа во последната десетка од Рамазанот, и тоа 29, 27 или 25 ноќ.“[5]

 Од овие хадиси на Пејгамберот а.с., навистина не се одредува точната ноќ туку се аргументира  дека Ноќта Кадр е во последните десет дена и тоа во непарните ноќи а не во парни. Значи, Ноќта Кадр може да е 21, 23, 25, 27 или 29 ноќ. Неколку славни исламски научници базирајќи се во тајните на објаснувањето на кур`анските ајети кои говорат за оваа ноќ потврдија дека поблиску до аргументот е дека Ноќта Кадр да е 27 ноќ. Тие ова мислење го аргументираа на овој начин. Бројот на зборовите во сурето „Кадр“ е триесет, исто колку има и месец Рамазан во повеќето години. Затоа, изразот „хије“ (таа) што ја подразбира Ноќта Кадр во ова суре е дваесет и седмиот збор по ред во суре.Ова е аргумент дека Ноќта Кадр е дваесет и седмата ноќ.

 Потоа, нагласениот израз во Кур`анот „Лејлетулкадри“ (Ноќта Кадр) се состои од девет букви. Овој збор во ова суре се спомнува три пати на овој начин а пак четвртиот пат се спомнува „хије“ (таа) – Ноќта Кадр. Затоа, ако погледнеме во математичките прекрасности на Славниот Кур`ан изразот (лејлетулкадр) со девет букви повторуван три пати, со множење на овој број  добиваме 27. Како и да е, нашето истражување за оваа ноќ меѓу последното десетдневиебез сомнение ја постигнува оваа цел.


[1] Сурету Ел Кадр

[2] Сурету Ед Духан: 03

[3] Термизи

[4] Бухари бр. 1880

[5] Бухари бр. 1881

Shkrime të ngjashme